Средба Путин – Лукашенко во Сочи: Русија ќе и позајми 1,5 милијарда долари на Белорусија

Русија ќе обезбеди заем за Белорусија од 1,5 милијарда долари, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со својот белоруски колега, Александар Лукашенко.

 

– Се согласивме дека Русија во ова тешко време ќе обезбеди државен заем за  Белорусија од 1,5 милијарда американски долари и ние тоа ќе го реализираме. Колку што знам, нашите министри за финансии во моментот работат на детали од договорот, рече Путин.

Белорускиот Истражен комитет предупреди на создавање на „одреди” за спротивставување на безбедносните сили, како што некои поддржувачи на опозицијата повикуваат на некои канали на „Телеграм“, пренесе БГНЕС.

– На Интернет се појавија информации за создавање на волонтерски групи, чии членови се повикани да се спротивстават на владините службеници и на разни начини, вклучително и со сила, да се мешаат во нивните легитимни активности, се наведува во соопштението на комитетот, објавено на неговата интерент страница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега