Средба на Села со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Која

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села денеска оствари работен состанок со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Клеменс Која, на која информирал за политичките актуелности во земјата, како и за придонесот на Алијансата за евро-атланскатите интеграции.

Како што соопштуваат од партијата, тој изразил благодарност до амбасадорот Која за политичката улога на ОБСЕ во Македонија со години наназад, како многу важна организација што придонела за политичкиот живот во Македонија, за конструктивниот напредок во меѓуетничките односи, за придонесот на ОБСЕ во рамки на реализацијата на реформите во изборната легислатива и спроведување демократски изборен процес.

Села од амбасадорот Која побарал ОБСЕ да го зголеми притисокот врз Владата за најавените реформи во судство, борбата против корупцијата и усогласување на постојните закони со акито на ЕУ.

Станало збор и за амандманите на Алијансата на Албанците за уставните измени, со оценка на Села дека албанските барања во Уставот ќе ја зајакнат политичката стабилност во Македонија и ќе го забрзаат процесот на интеграција во НАТО и во ЕУ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега