Средба на премиерите на Бугарија, Романија, Грција со српскиот претседател

 

Премиерите на Романија, Бугарија и Грција, како и претседателот на Србија, денеска учествуваа на состанок на Советот за соработка што се одржа во Букурешт.

Тие се обединија околу целта - Србија да стане членка на ЕУ, но и за развивање транспортни и други инфраструктурни проекти.

На почетокот на состанокот, Данцила изјави дека состаноците во овој формат на Романија, Бугарија, Грција и на Србија покажале корист и вредност во промовирањето на заедничките цели на европско ниво.
- Задоволство е да се биде домаќин на денешната средба на Високо ниво на Романија, Бугарија, Грција и Србија, рече Данцила

 

- Сакам да изразам поддршка за претседателот на Србија, Александар Вучиќ...Ја поздравувам активната улога на Србија за помирување на Западен Балкан, изјави премиерката на Романија Виорика Данцила.

- Сакам да ја уверам во нашата поддршка за членство на Србија во ЕУ: Сакам да изразам поддршка за бугарскиот премиер Бојко Борисов за неговата цел за членство на Западен Балкан во ЕУ,  додаде таа. Данцила нагласи дека тој формат на состанок е добар за дијалог и за изнаоѓање начини за соработка

- Денеска разговаравме за економската соработка и проекти во кои може да учествуваат четирите држави и средбата 16-плус-еден, со државите од ЈИЕ и Кина, наведе таа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференцијата по средбата им се заблагодари на Романија, Бугарија и Грција за силната поддршка на Србија на нејзиниот европски пат и рече дека Србија сака да биде првата наредна земја-членка на ЕУ.

Тој најави и формирање на Работна група во која ќе бидат министрите за сообраќај, транспорт и комуникации, која би требало забрзано да работи на конкретизацијата на договорените проекти, со цел подготвено да се дочека Самитот 16+1, кој ќе се одржи на 6 јули во Софија.

Вучиќ додаде дека е задоволен од конкретните разговори и договори, дека се разговарало за автопатот Темишвар-Белград, автопатот кон Бугарија, потоа за, како што рече тој „Поранешната југословенска република Македонија“,, но и како да се модернизира пругата Ниш-Димтровград-бугарска граница, и како да зајакне дигиталната инфраструктура..., но и да се решат одредени проблеми, како што е оној на Ѓердап.

- Верувам дека ќе успееме да го решиме сето ова успешно. Србија е заинтересирана за секојдневно и континуирано подобрување на соработката во балканската четворка", рече Вучиќ.

Грчккиот премиер Алекаис Ципрас оцени дека државата може да придонесе за мир, стабилност и безбедност во регионот.

- Знаеме дека Балканот е место на кои има многу предизвици. Регионот има голем потенцијал и наша цел е да сме поддршка за балканските држави и да придонесеме за развој на регионот, нагласи Ципрас.

Тој додаде дека нивна цел е развој на Балканот.

- Тоа значи дека треба да соработуваме и да ги користиме можностите. Треба да изградиме европска визија за развојот на тој регион. Грција дава поддршка за таа цел, наведе Ципрас.

Премерот на Романија Данцила беше домаќин на премиерите на Грција и на Бугарија и на претседателот на Србија. На средбата разговарале за развој на заеднички инфраструктурни проекти во контекст на поврзување ена Балканот, безбедноста и стабилноста во регионот и поддршка за евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан, јави БТА. 

 

 

 

24.04.2018 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега