Средба на Мицкоски со Ендру Бејкер од Американскиот еврејски комитет

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба  со рабинот Ендру Бејкер директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Eврејски Kомитет и Виктор Мизрахи по повод еден од најтажните денови во македонската историја.

 На средбата се говореше за тешката судбина на македонските евреи која започна на 11 март точно пред 75 години со депортација на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка. Претседателот  Мицкоски оддаде почит на претставниците на еврејската заедница и изрази длабоко жалење за траорната судбина на овие луѓе. Тој истакна дека овој таквиот чин никогаш повторно не смее да се повтори.

Мицкоски нагласи дека македонскиот народ гледа голем пријател во еврејскиот и дека плодната соработка помеѓу двете држави треба да  продолжи и понатаму преку нови и засилени форми на соработка.

 

 

 

12.03.2018 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа