Средба Ковачевски-Радев: Низ дијалог да дојдеме до решенија кои ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од владиниот тим, оствари средба со претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

Премиерот Ковачевски изразил задоволство од резултатите на заедничката седница со Владата на Република Бугарија, со што двете земји започнуваат еден нов процес на соработка со цел да се обезбеди интензивирање и продлабочување на добрососедските односи во многу области.

Ќе се залагаме за дијалог, рече премиерот Ковачевски, информираат од Влада.

„Од резултатите и соработката, низ искрен дијалог се очекува да се создадат услови за поместување во процесот на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, во кој Бугарија и нејзиното искуство од петнаесетгодишното членство во ЕУ може да ја преземе улогата на лидер во поддршката за евроинтеграцијата на Северна Македонија“, истакнал Ковачевски.

Во разговорот било истакнато дека средбите на високо и највисоко ниво испраќаат силна и јасна порака до јавноста и во таа насока премиерот Ковачевски и претседателот Радев се согласиле дека свој придонес во таа насока се очекува и од сите идни средби на највисоко политичко ниво.

25.01.2022 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега