Средба Груевски-Дачиќ: Ги исполнуваме сите услови за да добиеме датум за преговори

Македонија и Србија ги исполнуваат сите услови да добијат датум за преговори на јунскиот самит. Остануваат посветени на патот кон европските интеграции, оценија премиерите Никола Груевски и Ивица Дачиќ, на прес-конференција по денешната прва заедничка седница на владите на двете земји.

- Сакаме да соработуваме на патот кон ЕУ. Сметаме дека дека и Македонија и Србија ги исполнија сите критериуми за почеток на преговорите за членство во ЕУ, рече Дачиќ.

 

 

- Напротив, посветено работиме на процесот на помирување и затворање на отворените прашања од минатото во целиот регон со почитување на принципите на меѓународното право и јакнење на добрососедството. Во овој контекст успешната регионална соработка манифестрана преку активностите на меѓународните реализации и иницијатви е уште една потврда за европеизрање на Македонија и Србија, рече Груевски.

 

 

- Дефиниравме конкретни предлози и иницијативи на кои ќе работиме во претстојниот период, а од кои корист ќе имаат граѓаните на двете држави, рече Груевски.

 

 - Од македонската економија можат да се црпат ммногу искуства и да се пренесат во Србија, рече Дачиќ.

ФОТО: МИА