Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Словачката Република, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во пријателска и конструктивна атмосфера, соговорниците ја потврдиле одличната билатерална соработка меѓу двете држави и изразија подготвеност за нејзино дополнително унапредување на сите нивоа.

Претседателот Гаши му посакал добредојде на претседателот Пелегрини и истакнал дека континуитетот на политичкиот дијалог и долгогодишната поддршка од Словачка во рамките на Европската Унија и НАТО претставуваат значаен поттик за Северна Македонија на нејзиниот европски пат.

Exit mobile version