Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска
хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени
односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските
вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Г. Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и
нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на
последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што
Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Актуелно
- Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема ниту една злоупотреба
- Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС
- Лавров: САД треба да преговараат со Куба, а не да наметнуваат поморска блокада
- Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР
- Николоски: Започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот
- Сашо Клековски на средба со синдикатите за зголемување на платите во јавното здравство
- Петти ден протести во Сараево: Северина ја поддржа младината по трагичната несреќа
- Се засилува воената соработка: Русија и Иран испратија моќна порака до Вашингтон преку поморски вежби


