Средба Џафери-Ивановска: Бескомпромисната борба против корупцијата е предуслов за создавање демократска и правна држава

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска имаше средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупција. 

Во име на Државната комисија за спречување на корупцијата, претседателката Билјана Ивановска на претседателот Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со Акционен план за нејзино спроведување. 

За Националната стратегија, како што информираше претседателот Џафери, парламентарниот состав ќе расправа веднаш штом за тоа бидат исполнети предвидените услови со Деловник.

Претседателот Џафери ги охрабри членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата. Тоа, нагласи тој, е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега