Средба Дескоска – Прибе за реформите во правосудството

Министерката за правда Рената Дескоска денеска имаше средба со германскиот експерт за владеење на правото Рајнхард Прибе, на која во фокусот на разговорите била реформската агенда за правосудството на Министерството и усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди.

Како што соопшти денеска Министерството за правда, Дескоска информирала за законите кои се во собраниска процедура, за законите кои се испратени до Венецијанската комисија, како и законите кои наскоро ќе бидат пуштени во собраниска процедура.

– За време на средбата, министерката за правда истакна дека на реформската агенда не гледа како на исполнување на формални услови за отпочнување на преговорите за членство на државата во Европската унија, туку дека мотивацијата за исполнувањето на обврските на Република Северна Македонија ја црпи од реалната потреба на граѓаните на нејзината држава и заштитата на човековите права, стои во соопштението од Министерството за правда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега