Средба Ахмети-Мичел: Македонците и Албанците сакаат успех на референдумот

 
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција,  г. Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со американскиот  помошник Државен Секретар, г. Вес Мичел и Амбасадорот на САД во Македонија,  г. Џес Бејли. 
 
Високиот претставник од Соединетите Американски Држави ја поддржа евроатланската перспектива на Македонија и регионот.
 
Г. Ахмети изрази голема благодарност за придонесот на Соединетите Американски Држави за слободата, мирот  и демократизацијата не само во Македонија, туку во цела Југоисточна Европа.
 
Постигнатиот успех во овие две децении е заеднички и се заокружува со спроведувањето на Договорот од Преспа и интеграцијата во НАТО и ЕУ.
 
За тоа, г. Ахмети лично, но и сите од Демократската Унија за Интеграција се целосно мобилизирани и посветени на успехот на овој процес  затоа што тоа го сакаат граѓаните на ова земја, Албанците, Македонците и сите други.
 
Г. Ахмети исто така ја искористи приликата да истакне колку ДУИ е посветена на владеењето на правото,  борбата против организираниот криминал  и корупцијата  и воопшто на системските реформи.
 

 

 

14.09.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега