Иако сме во средината на април, Попова Шапка денеска осмна во зимски амбиент. Според најновите мерења, на популарната туристичка дестинација е формирана снежна покривка од 25 сантиметри.
Снегот, кој паѓаше во текот на изминатата ноќ и утрото, предизвика вистинско изненадување за посетителите, кои деновиве уживаа во пролетното време. Снежните наноси и ниските температури создадоа услови типични за зимските месеци, па планината повторно доби зимски пејзаж.
Надлежните апелираат до сите возачи кои планираат да се упатат кон Попова Шапка да бидат крајно внимателни, бидејќи патот е лизгав, а условите за возење се променети. Се препорачува задолжително користење на зимска опрема, иако официјалната законска обврска за носење зимска опрема во возилата заврши на 15 март.
Иако снегот во април не е невообичаен за повисоките планински предели, оваа количина од 25 сантиметри е значителна за овој период од годината


