Србинка претепана од Македонка сред бел ден

Вистинска драма доживеала 30-годишна Србинка со престој во с.Зелениково, скопско. Имено, Македонка ја претепала сред бел ден, откако претходно се скарале поради сообраќајот на локалниот пат во општина Петровец, информираа од МВР.

„На 22.03.2023 во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30) од Република Србија, со престој во с.Зелениково, скопско, пријавила дека околу 14,40 часот на локален пат во општина Петровец, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, ни изјавија од МВР.

23.03.2023 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега