Србин застрелан во кафуле во Загреб

Загрепската полиција соопшти дека 36-годишен државјанин на Република Србија бил застрелан во кафуле во Загреб и дека му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Дубрава.

Како што се наведува, пукањето се случило во средата околу 22.30 часот во ресторан во Дубрава на авенијата Дубрава, пренесува порталот „Индекс“.

Според полицијата, државјанинот на Република Србија најпрвин вербално се пресметал со непознатиот сторител, кој потоа испукал неколку истрели од огнено оружје.

Еден од истрелите го погодил 36-годишниот маж во ногата и му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Дубрава.

Од полицијата посочуваат дека во тек е кривична истрага по што ќе се знаат деталите за случајот.

24.03.2023 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега