Србин со нож ја избоде сопругата

 

Државјанин на Србија (53) е уапсен во вторник во Бизамберг, Австрија, под сомнение дека со нож ја избодел сопругата (45).

Нападот се случил минатата недела, а се претпоставува дека мажот делото го извршил од одмазда. За жената, која живеела сама во станот, веќе имал забрана за задржување.

– Маж упаднал во станот и ја нападнал. Прво ја удрил, а потоа зел нож и почнал да ја боде. Еден од станарите ги слушнал вревата и врисоците на сопругата и веднаш повикал полиција – пренесува австрискиот портал Ноен.

Полицијата излегла на местото на злосторството и констатирала страшна ситуација

– Несреќната жена е претепана и избодена, а напаѓачот веднаш е приведен.

Несреќната жена се здобила со тешки повреди,пренесе Телеграф.рс.

29.08.2022 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа