Србин си ја искасапил сопругата, па оставил порака на фејсбук- Ужасни детали за злосторство во Австрија

Ненад Лазаревиќ (26) од Србија ја убил својата сопруга Дијана (22) во стан во Салцбург. Искасапеното и крваво тело на неговата сопруга го скрил во фиока за постелнина на каучот, за дадилката, која ја повикал да ги чува децата, да не го види трупот.

Потоа се упатил до главната полициска станица во Салцбург и кажал на полицијата што сторил. За да биде ситуацијата уште побизарна, пред да и се предаде на полицијата на Фејсбук, тој и оставил порака на својата сопруга.

„Почивај во мир, срце мое“, напишал тој на Фејсбук профилот на неговата сопруга, која брутално ја убил со нож, кога сè уште никој не знаел за злосторството. После тоа, Ненад и се предал на полицијата и им рекол дека по расправијата, тој ја прободел Дијана со нож.

Ова ужасно злосторство се случило во едната соба, додека нивните малолетни ќерки од седум месеци и три години спиеле во другата.

Ненад ја избодел Даниела неколку пати со кујнски нож, а кога таа им подлегнала на повредите, тој ја повикал бебиситерката да дојде итно да ги чува децата додека тој заврши нешто. Дадилката се согласи, дури не се сомневала дека во станот е искасапеното тело на младата мајка.

Полицијата брзо дошла во станот и го пронашла телото на Дијана. Ненад бил веднаш уапсен, а Обвинителството нареди обдукција на убиената жена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега