Србин откри низ што поминале за време на нападот во геј клубот во Осло

Во Осло две лица го загубија животот, а неколку се повредени во напад пред геј клуб.

– Во Осло сум, утре е Прајд овде – пред малку дошол маж пред најпопуларниот геј бар и почнал да пука – потврдено е дека две лица се мртви. Засега велат дека се двајца загинати и десет повредени, многумина тешко повредени – изјави Марко Михаиловиќ, кој се наоѓа во Осло.

– Сите сме живи од Србија. Седам до еден од локалните организатори додека ги повикува другите гости од странство да провери дали се живи… Страшно чувство… Полицијата се уште не дала изјави за мотивот на осомничениот, но препорача Осло Прајд и сите други настани да бидат откажани денес. рече тој на Твитер.

25.06.2022 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа