Србин нападнат на автопатот „Скопје-Тетово

Педетсетгодишниот М.С. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“, со српски национални  ознаки, бил нападнат од две лица кои биле со патничко возило „мерцедес“ вчера на автопатот Скопје Тетово, пред наплатната рампа „Глумово“.

Како што информира МВР, напаѓачите потоа со метален предмет го оштетиле стаклото на неговото возило. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа