Србија започна со користење на лекот против ковид 19-времетраењето на терапијата, трае околу еден час (ФОТО)

Првите пациенти во Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) добија нов лек против ковид 19, Бамланивимаб.

Овој лек спречува понатамошно ширење на инфекција или прогресија на болеста од лесна до тешка клиничка слика.

Се дава на пациенти по одлука на лекарска консултација, а текот, односно времетраењето на терапијата, трае околу еден час, по што пациентите се враќаат во домашна изолација.

- На тој начин се намалува бројот на хоспитализации поради компликации на вирусна инфекција со ковид-19 и се спречува развој на сценарио за тешка форма на болеста. Оваа терапија може да ја примаат пациенти постари од 65 години или постари од 55 години, а имаат придружни болести како што се кардиоваскуларни, артериска хипертензија или хронично опструктивно белодробно заболување - изјави директорот на КЦВ Едита Стокиќ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа