Едно лице загина, а две се повредени при судир на автобус и патничко возило на патот Чачак-Крагуевац во Србија, јавуваат српските медиуми. Несреќата се случила денеска во 6:40 часот кај Бечањ, во Општина Чачак.

Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС изјавија дека се случил директен судир на двете возила. Според неофицијални информации, по судирот автобусот излетал од патот и удрил во електричен столб.

Општата болница во Чачак информира дека едно машко лице по првичниот преглед е префрлено на одделението за ортопедија со тешки повреди.

На местото на настанот се припадници на сообраќајната полиција, службата за итна помош и Секторот за вонредни ситуации. По краток прекин, сообраќајот е нормализиран.

Сѐ уште нема официјални информации за причините за несреќата, а надлежните велат дека истрагата е во тек.

Exit mobile version