Србија се подготвува прва во Европа да ја произведува вакцината „Спутник V“

Србија би може да биде првата европска држава која би ја произведувала руската вакцина „Спутник V“ против вирусот Ковид-19, потврдено е по посетата на руските експерти.

Делегацијата на руски стручњаци кои ситгнаа утрово во Србија процениле дека за првата фаза од производството оваа држава ги има технолошките услови.

Министерот без ресор Ненад Поповиќ по состанокот со претставниците од Русија рече дека во петок во Институтот „Торлак“ ќе се разговара на ниво на експерти.

Според него, за таа прва фаза постојат услови, односно за транспорт на супстанциите, полнењето, пакувањето и дистрибуцијата во Србија, потребни се два до три месеци.

-Србија, на тој начин, би била прва земја во Европа која би ја произведувала вакцината“, рече Поповиќ, а веќе седум други земји како Германија, Австрија, Унгарија и други изразиле желба итно да почнат со производство на „спутник V.

Досега во Србија вакцинирани се близу 550.000 луѓе, а во тек е масовна ревакцинација на населението. Србија е апсолутен лидер по вакцинација против Ковид-19 во регионот и втора во Европа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега