Србија прва во Европа, а трета во светот по број на вакцинирани- Универзитетот во Оксфорд ги објави најновите податоци

Србија е прва во Европа, и трета во светот според бројот на вакцинирани, покажуваат најновите податоци објавени од веб-страницата „Our world in data“ во податоците на Универзитетот Оксфорд.

 

Почетокот на имунизацијата во Србија предизвика голем интерес кај граѓаните, а резултатите зборуваат сами за себе.

Според овие податоци, само Израел и САД се пред Србија во светот.

Премиерката Ана Брнабиќ денес објави дека досега во Србија се вакцинирани 438 000 лица.

Брнабиќ посочи дека ќе има доволно дози за ревакцинација, бидејќи кога ќе пристигне секој контингент вакцини, едната половина веднаш се одделува „од страна“, така што ќе има доволно дози за повторна вакцинација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2021 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега