Србија ги започна разговорите со ММФ

Двонеделните разговори меѓу делегации на Владата на Србија и Меѓународниот монетарен фонд, денеска започнаа во Народната банка на Србија. На истите ќе се разговара за финансиите во Србија. Министерот Млаѓан Динкиќ, најави дека ММФ ќе ја оценува состојбата во фискалната и монетарната политика на Србија, напоменувајќи дека овие разговори нема да имаат преговарачки карактер, во смисла на склучување на нов финансиски аранжман со Фондот. 

-Тоа не значи дека нема и да се разговара за нов аранжман, доколку владата единствено одлучи дека тој е потребен, оцени Динкиќ синоќа во емисија на РТС и додаде дека за новиот аранжман може да стане збор доколку владата процени дека тој може да биде корисен за граѓаните и за економијата.

-Суштината е дека Србија не треба да се прилагоди на ММФ, туку да видиме дали тоа што тие го предлагаат се вклопува во програмата на нашата влада, рече Динкиќ. 

Српскиот министер за финансии се согласи дека, доколку Србија склучи аранжман со ММФ, макар и „од претпазливост“, значи без земање кредити, како земја ќе имаме поголем кредитен рејтинг во светот и ќе можеме поевтино да се задолжуваме на странските пазари, со помали камати. 

Мисијата на ММФ ќе ја предводи Зузана Мургасова, претходно соопшти канцеларијата на ММФ во Белград.