Србија доби нова голема пратка од „Фајзер“

Во Србија денеска пристигнале нови 23 570 дози од вакцината на „Фајзер“ која компанијата ја развиваше заедно „БионТек“, соопштија од српското Министерство за здравство.

Покрај на „Фајзер“ во Србија се користат и вакцините на „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“.

Според информациите кои ги објавија тамошните медиуми, српските здравствени власти досега искористиле 2 325 000 вакцини, а од нив 920 000 се употребени како втора доза односно за ревакцинација.

Во Србија за три дена (четврток, сабота и недела) беа вакцинирани и повеќе 22 000 странци, меѓу кои голем број и државјани на Македонија. Според податоците од македонското МВР, преку граничниот премин Табановце во Србија влегле околу 10.000 македонски граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега