Спремете се: Повеќе улици во Скопје без вода

Неколку улици во Општина Центар и во Општина Гази Баба денеска ќе имаат прекин на водоснабдување информираат од Центарот за управување со кризи по известување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според информациите од РЦУК во Општина Гази Баба поради уличен дефект на ул. „Перо Наков“ бр. 105, во периодот од 08:30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. „Перо Наков“, како и објектите на „Бонум“, „Бриколаж“ и неколку помали приватни станбени објекти лоцирани во нивна близина.

Во Општина Центар, РЦУК информираат дека поради менување на шибер од ф – 80 м на раскрсница меѓу улиците „Козара“ и „Шарски Одреди“, во периодот од 08:30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците „Шарски одреди“, „Козара“, „Бел Камен“ и „Васил Ѓоргов“, како и дел од ул. „Мајка Тереза“.

Во истата општина, според РЦУК, поради уличен дефект од ф – 80 м на раскрсница меѓу улиците „Козара“ и Капиштец бр. 8, во периодот од 08:30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците „Ганчо Хаџипанзов“ и Капиштец, како и дел од ул. „Питу Гули“. 

06.09.2022 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега