Спречен терористички напад врз центар за вакцинација во Холандија

Холандската полиција спречи напад врз центарот за вакцинација против коронавирус во градот Ден Хелдер, апсејќи 37-годишен маж под сомнение дека подготвувал терористички напад, соопшти обвинителите.

Мажот наводно имал намера да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација за да ја саботира вакцинацијата.

Но, нападот во холандскиот крајбрежен град на северот на земјата беше спречен навремено, соопштија обвинителите.

Осомничениот беше приведен на 18 март, но обвинителите објавија детали за случајот дури во четвртокот.

Јавното обвинителство во соопштението рече дека случајот го смета за терористички акт: „Активностите на осомничениот имаа за цел да внесат голем страв кај населението и да ги дестабилизираат економските и социјалните структури на земјата“.

Судијата го продолжи притворот за три месеци. Истрагата продолжува поради можни соучесници.

Во Холандија, во јануари во неколку наврати имаше неколку немири и протести против карантинот заради коронавирусот, како и напади врз центри за тестирање.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега