Француските власти денеска објавија дека три млади жени се обвинети за планирање терористички напади во Париз. Жените, на возраст од 18, 19 и 21 година, се соочуваат со обвиненија за терористички заговор, објави порталот RTL.
Истражителите утврдиле дека трите осомничени планирале да извршат насилен напад врз угостителски објект или концертна сала во француската престолнина.
Акцијата за апсење и поднесувањето на обвинението, што ја водеше PNAT, е спроведена во сенка на блиската 10-годишнина од големите терористички напади во Париз од 2015 година.

