Спречен терористички напад во Москва
Припадници на безбедносните сили на Руската Федерација спречија терористички напад во Москва, пренесуваат руските медиуми.
ФСБ објави дека е приведен руски државјанин, кој планирал да активира импровизирана експлозивна направа во градскиот метеж, објавија медиумите.
Кај него биле пронајдени компоненти за правење опасно оружје, а во телефоните и лаптопите биле пронајдени упатства за производство на експлозивни направи и преписка со терористи што се борат во Сирија, пишуваат новинарите во тамошните медиуми.
Соопштено е дека е поведена кривична постапка против терористите, чиј идентитет не е откриен.
МАКФАКС
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа