Француските власти спречија потенцијален терористички напад откако на почетокот на неделата во северниот дел на земјата беа уапсени двајца 16-годишници. Тинејџерите се сомничат дека планирале напади врз фреквентни локации, вклучувајќи трговски центри или концертни сали.

Канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам денеска соопшти дека со овие апсења е спречен конкретен план за напад. Според досегашните информации, еден од двајцата малолетници веќе почнал да следи џихадистичка пропаганда на интернет.

Идентитетот на приведените лица не се соопштува поради нивната возраст, а истрагата за случајот продолжува.

Exit mobile version