Спортот ги брише и надминува разликите: Грабар-Китаровиќ му посака среќа на Ѓоковиќ (фото)

 

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на нејзиниот Фејсбук профил сподели фотографија со српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ и му посака среќа во полуфиналето на Вимблдон.

– Новак Ѓоковиќ, голем човек и спортист. Од се срце му посакувам пласман во финалето на Вимблдон. Чест ми е што имав прилика и лично да го запознаам, напиша Грабар-Китаровиќ.

Претходно, Ѓоковиќ ја поддржа хрватската репрезентација на Светското првенство во фудбал и најави дека навива за нив да стигнат до трофејот.

– Спортот зборува на универзален јазик, ги брише границите меѓу луѓето, ги надминува разликите во верата, расата и националноста – и тоа ги привлекува луѓето, рече Ѓоковиќ.

 

 

 

14.07.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа