СПМ не го прифаќа договорот со Грција: Го губиме суверенитетот и независноста

 

Социјалистичката партија на Македонија денеска со соопштение за Договорот со Грција:

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРИТИЈА НА МАКЕДОНИЈА ГО РАЗГЛЕДА ПРЕДЛОГ ДОГОВОРОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗУЛИЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 ГОДИНА И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ СТРАТЕГИСКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ВРВНИ ЕКСПЕРТИ ОД ОБЛАСТА НА УСТАВНОТО И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ВРЗ ОСНОВА НА СЕОПШТАТА АНАЛИЗА НА НАВЕДЕНИОТ ПРЕДЛОГ ДОГОВОР ГО ДАВА СЛЕДНОТО:

 

1.            СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА НА СВОЈОТ КОНЗИСТЕНТЕН СТАВ КОЈ ДОСЕГА МНОГУ ПАТИ ГО ИМА ИСТАКНАТО И УКАЖАНО ВО СВОИТЕ СООПШТЕНИЈА ЗА НЕМЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, БИДЕЈЌИ ТОА Е ЗАГАРАНТИРАНТИРАНО ПРАВО НА СИТЕ НАРОДИСОГЛАСНО МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ И ПОВЕЛБАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ.

2.            УПАТУВАМЕ ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕГОВАРАЧКИОТ ТИМ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ЗА ИЗВОНРЕДНИОТ ПРЕДЛОГ ДОГОВОР КОЈ ВО ЦЕЛОСТ ГИ ЗАШТИТУВА ИНТЕРЕСИТЕ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА НА ШТЕТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

3.            СО ПРИФАЌАЊЕТО НА ПРЕГОВАРАЧКИОТ ТИМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ОВОЈ ПРЕДЛОГ ДОГОВОР, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ ГУБИ СИТЕ СВОИ ИДЕНТИТЕТСКИ ОБЕЛЕЖЈА КАРАКТЕРИСТИЧНИ НА ЕДНА СУВЕРЕНА, САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, ИСТОРИСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, СО ШТО СТАНУВАМЕ НЕКОЈ НОВ ИЗМИСЛЕН НАРОД И ВЕШТАЧКА ТВОРЕВИНА НАМЕТНАТА ОД ДРУГИ.

4.            СО ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ, СОГЛАСНО ОВОЈ ПРЕДЛОГ ДОГОВОР, ЌЕ СЕ ПРЕДИЗВИКААТ НОВИ И НЕСОГЛЕДЛИВИ ПРОБЛЕМИ И ПОСЛЕДИЦИ КОИ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА УСЛОЖНАТ И ТАКА СЛОЖЕНАТА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА.

5.            СО ПРИФАЌАЊЕТО НА ОВОЈ ПРЕДЛОГ ДОГОВОР, ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ СТАВЕНИ ПРЕД СВРШЕН ЧИН, УСКРАТУВАЈЌИ ИМ ГО ОСНОВНОТО ДЕМОКРАТСКО ПРАВО ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ПО ЕДНИ ВАКВИ КРУЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА ЗА ИДНИНАТА И ОПСТАНОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

 

                ЗАТОА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ПРИФАЌА ОВОЈ КАПИТУЛАНТСКИ ДОГОВОР БИДЕЈЌИ СО ИСТИОТ ГО ГУБИМЕ СУВЕРЕНИТЕТОТ И НЕЗАВИСНОСТА И ПРАКТИЧНО СМЕ ФРЛЕНИ И ОКОВАНИ ВО „МОДЕРНО РОБСТВО“ ВО 21 ВЕК.

 

 

 

16.06.2018 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа