Спиро Ристовски три месеци во Шутка - Бара Апелација да му го укине притворот

Ексминистерот Спиро Ристовски кој е еден од осомничените за организацијата на упадот во Собранието на 27. април, побара да се брани од слобода или барем мерката притвор која три месеци ја издржува во затворот Шутка, да му се замени со куќен притвор.

- “Немам намера да бегам ја сум семеен човек со деца што учат овде. Немам резервна варијанта. Моето целосно функционирање е поврзано со Макеоднија. А во однос на тоа дека би блијаел на сведоци известен сум дека истррагата е завршена. Ниту сум помислил да влијаам на некого затоа што сум уверен дека ќе ја докажам мојата невиност”, изјави поранешниот министер од Владата на Груевски, пренесе Телма.

Одлуката на Апелација по барањето на Ристовски ќе се знае деновиве.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега