Специјалци со багери го раскопуваат дворот на Велја Неволја - се трага по остатоците од телата на жртвите

Постои сомнеж дека телата на Горан Величковиќ Гокси, Милан Лјепоје и Здравко Радојевиќ е закопани на имотот во Рипотек, кој на Вељко Беливук му го отстапил еден од членовите на неговата група.

Полициата вчера, трет ден по ред, вршеше увид во викендичката во Рипотек кај Белград за која се сомнева дека е местото на кое се мачени и брутално убиени навивачите на Партизан, Горан Величковиќ Гокси, припадник на бандата Пинк Пантери Милан Лјепоја и Здравко Радојевиќ, навивач на Црвена ѕвезда, за чии ликвидации се омничи организираната криминална група на уапсениот Вељко Беливук, наречен Велја Неволја и Марко Миљковиќ на чело.

Се претпоставува дека токму во оваа куќа на три спрата, со висока ограда и обезбедена со најсовремен видео надзор е извршено најмонструозното злосторство. Инаку, куќата е во сопственост на Влада Драганиќ, кој е уапсен со Беливук Миљковиќ и уште 20 припадници на нивната група.

-Полицајците и припадниците на САЈ со долги цевки, инспектори во цивили, но и припадници на другите единици на МВР, од четвртокот ја чешлаат викендичката, дворот и околината. Во куќата се наводно најдени траги од крв и ДНК како и други докази за убиства. Постои сомнение дека Величковиќ и Лјепоја со часови биле мачени, а дека телата им биле осакатени, главите отсечени, но и екстремитетите. Се трага по остатоците од телата, полиијата со багер го копа дворот, но и шумата која е од едната страна на куќата, барајќи остатоци од тела, вели извор близок до истрагата за Курир.рс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2021 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа