Спасувачите предупредуваат: Во услови на бура мора да обрнете внимание на најважната работа

Хрватската шумска служба за спасување има полни раце работа после поплавите, а сега објави и снимка со која ги предупредува луѓето да бидат внимателни и дека иако се обидуваат да помогнат, тоа може да помине наопаку.

Волонтерите се секогаш добредојдени, да нема граѓани кои се подготвени да помогнат кога е тоа најпотребно, ни стручните служби не би функционирале како што треба. Но, експертите предупредуваат дека опасните ситуации мора да се избегнуваат и дека на цивилите не им е место баш насекаде.

-Најлошата работа која може да ја направите е во услови на поплави да влезете во вода. Ваквите ситуации се без претерување погубни. Ве молиме да не се обидувате ништо слично - напишале на друштвените мрежи.

Со ова предупредување објавиле снимка од маж кој е врзан со коноп во вода и се обидувал да извади нешто од вода која беснее.

Штетата во бројки од временските непогоди во регионот е застрашувачка.

Затоа внимавајте.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега