Спасовски за најавите за можни избори наесен: Изборите поминаа, победникот е јасен, тоа е СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во емисија на Алфа телевизија кажа дека не ја исклучува можноста да има нови избори наесен ако не се формира нова Влада, но смета дека широка коалиција не би функционирала, а тоа го докажала техничката Влада.

Мицкоски обвини и дека им се приоѓало на претниците и им се нуделе шестцифрени суми, но и привилегии, а сето тоа го потврдиле и самите пратеници.. 

„Згрозен сум од начинот на кој Заев и ова раководство на СДСМ ја разбира политиката. Тие мислат дека се се купува. Луѓето со кои имало ваков обидодбиле брутално. Но, за жал сега имаме таква ситуација кога ова раководство од СДСМ на овој начин ја подразбира политиката. Тие ова го правеа и претходно. Но, овие 44 пратеници веднаш одбиле такво нешто, рече Мицкоски.

Техничкиот министер Оливер Спасовски во разговор за „Утрински брифинг“ кажа дека изборите поминаа и дека победникот е јасен и тоа е СДСМ.

-Ние сме насочени кон формирање на нова влада. Мора имаме функционални институции кои што ќе можат да носат одлуки. Тоа што Мицкоски го збори е дел од неговото секојдневие – да менува ставови. Ние започнуваме со преговори после празникот 2 август. Секако дека разговраме со политичките партии, но официјалните разговори започнуваат после Илинден. Ќе разговараме со пор-европските партии кои ги поддржуваат принципите за напредок на Република Северна Македонија, изјави Спасовски.

Во врска со  обвинувањата за купување на пратеници во обид да се создаде парламентарно мнозинство, Спасовски  вели дека тоа е уште една небулоза на Мицкоски во спектарот на небулози кои се пласираат деновиве.

-Во изминатиот период покажавме сериозен пристап кон сите сериозни важни прашања и таков пристап ќе имаме и сега. Низ дијалог и врз база на принципите за кои се залагаме и говорев претходно ќе биде основа на која што ќе побараме поддршка во македонското Собрание. И на база на тие принципи ќе ја формираме владата и тоа мислам дека ќе биде многу брзо по конститутивната седница на Собранието, вели Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега