Спасовски: За компаниите кои ќе отпушат вработен нема помош

Компаниите што ќе поделат дивидента не може да користат поволност, ќе има критеируми да нема отпуштање работници. Секој еден којшто отпуштил работници  веднаш кога започнала кризата,  тој не може да искористи дел од мерките, соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски на Канал 5 за мерките и помошта на Владата за април и мај.

-Во првиот сет на мерки во којшто има можност тие да бидат ликвидни со тоа што би земале  кредит од Меѓународната банка за поддршка  на развојот со нула проценти камата  е за да можат компаниите овој период да го пребродат. Имаме следна мерка која ќе се утврди, а тоа е помош на компаниите со обезбедување на  минимална плата на работниците. И тоа е таа предвидливост која што  ќе им ја дадеме во наредните два месеци во април и во мај  да се помогне на стопанството. Ќе се утврдат точни критериуми кои се тие фирми компании коишто ќе можат да ја искористат оваа поволност, појаси Спасовски.

Премиерот најави помош и за медиумските работници кои, според него,  се наоѓаат на прва борбена линија и помагаат во справувањето со оваа криза.

-На нас ни е многу важно медиумите да функционираат во овој момент. Да функционираме сите заедно да помогнеме во делот на кризата. Секако дека ќе имаме мерки и во делот на медиумите. Јас знам дека веќе има одредена финансиска помош од АВМУ. Се што е помош од државата е помош од државата. Така да тоа е еден дел од помошта , нема медиумите да бидат изоставени од оваа помош заради тоа што сметам дека и тука треба да се помогне да може тие да функционираат, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега