Спасовски за инцидентите Вевчани: Од политички причини сакаа инцидент

Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за МТВ, по завчерашната интервенција на полицијата да се спречи одржувањето на Вевчанскиот карневал без почитување на задолжителните мерки за заштита од ковид-19.

„Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам да ги почитуваме мерките и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и да им помогнеме на медицинските работници. Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките“, изјави Спасовски во интервју за националниот сервис МТВ.

Во Вевчани завчера, и покрај апелите да нема собирања и да се одржува дистанца, стотина василичари од Вевчани, под карневалски маски излегоа на улица, по што интервенираше полицијата.

На карневалот беше запалено и бугарското знаме, како револт за бугарското вето за преговорите на Македонија со Европската унија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа