Спасовски: Техничката влада треба да создаде демократска атмосфера за слободно одлучување на граѓаните на изборите

Оваа техничка влада не е формирана за некој да има повеќе или помалку политички кредибилитет или легитимитет, туку едноставно сите заедно да се вградиме во институциите и на крајот сите заедно да гарантираме дека низ една фер демократска атмосфера на граѓаните ќе им дадеме можност слободно да одлучуваат за тоа во кој пат ќе се движи државата во следниот период, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за МИА.

Според него, сегашната техничка влада значително се разликува од онаа во 2016 година, која имаше цел да ја подослободи атмосферата во државата со цел граѓаните да можат да донесат слободна одлука на изборите, додека сега, кога државата е демократска со слободни демократски институции, новиот преоден владин кабинет работи на сите стратегиски приоритети на земјата и да обезбеди фер и демократски избори.

На прашање колку концептот техничка влада придонесува за демократизација на општеството, Спасовски вели дека тој е донесен во интерес на граѓаните и мора да се почитува.

- Видете, секој концепт, секоја шанса да се сработи нешто заедно што ќе биде во интерес на граѓаните е вреден и тој мора да се почитува. Иако околностите во кои се формира оваа техничка влада визави претходната техничка влада не се исти. Пред сè, техничката влада во 2016 година, односно формирана 2015, па сè до одржувањето на изборите во 2016 година, беше пред сè за да обезбеди фер и демократски избори, да ја подослободи атмосферата во државата, сè со цел граѓаните да можат да донесат слободна одлука, зашто вистинска одлука што ќе значи влог во иднината на државата е таа што ќе ја донесат граѓаните слободно и без никакви притисоци. Ние во тој момент имавме еден режим што опстојуваше 11 години во државата и мораше да се формира техничката влада. Меѓутоа, со демократизација на општеството, со создавање на Република Северна Македонија како слободна држава, демократска држава со слободни демократски институции, ние сметаме дека формирањето и на оваа техничка влада во овој момент е навистина вредна, како концепт и сите заедно треба да придонесеме во два правци. Прво, да продолжат сите стратегиски приоритети на државата да се обезбеди непречено нашето членство на НАТО, да направиме сè за да ги започнеме преговорите со ЕУ, да имаме функционални институции, да можат граѓаните да ги добиваат сите услуги навремено, да продолжат сите проекти што беа започнати и да имаме фер и демократски избори. Тоа се приоритети што мора да бидат врвни приоритети на оваа влада.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега