Спасовски: Според сите анализи и проценки сметаме дека Мијалков не ја напуштил државата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Франција одржа одвоени средби во Елисејската палата со советниците во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, Изабел Думон, надлежна за Континентална Европа и Турција, и со советникот за Европа, Александар Адам, каде ја потенцираше важноста од имплементација на одлуката на советот на ЕУ од март минатата година.

Според министерот, имплементацијата претставува важен услов за задржување на европскиот кредибилитетот во регионот, особено кредибилитетот на процесот на проширување.

Во оваа насока, на средбата е разгледана и стратегијата за Западен Балкан на францускиот претседател, Емануел Макрон, за која беше констатирано дека претставува интерес на двете земји.

-Ние ги разбираме грижите на ЕУ и ја сфативме потребата за трансформирање на Унијата. Силно го подdржуваме проектот за Иднината на Европа и даваме силна поддршка за новата Методологија за преговарање. Изразивме подготвеност заедно со државите членки на ЕУ, особено Франција, но и со европските институции да работиме на развивање на концепт кој ќе донесе нов квалитет на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Северна Македонија е подготвена за построг, но пофер надзор и ние на тоа гледаме како предност за нашата трансформација, истакна Османи.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на маргините на работната посета на Париз, Османи остварил средба и со Марта Де-Сидрак, претседател на групата за соработка меѓу Франција и земјите од Западен Балкан на францускиот Сенат, а имал одделен состанок и со заменик генералниот директор на Француската Агенција за развој, Филип Бодуен.

Работната посета на Париз, на шефот на дипломатијата, Османи е дел од неговата дипломатска турнеја низ земјите членки на Европската унија.

-Реафирмираната поддршка од страна на Франција, како и трите потпишани Договори претставуваат позитивниот исход од оваа посета, со што напредокот на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција добива дополнителен интензитет, се наведува во соопштението на МНР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега