Спасовски: Пресечени осум меѓународни канали за шверц со дрога

Во денешното гостување во тема на денот на Сител  со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека сите они кои што се занимаваат со било каква криминала активност ќе излезат пред лицето за правда.

-Прво нашата решеност, политичка волја да се спроведуваме со криминалот и корупцијата и на тој начин едноставно сите они кои што се занимаваат со било каква криминала активност да излезат пред лицето на правдата, тоа е основен интерес на државата и граѓаните. Самиот факт дека имаме за овие месеци од јануари до сега сузбиено две криминални групи, коишто оперирале околу 16 члена на тие криминални групи и при тоа се спречени осум меѓународни транспорти на дрога кои минувале низ територијата на Р.С.М, вели Спасовски.

Тој во интервјуто зборувше дека засилените сообраќајни контроли даваат резултат и дека жртвите во сообраќајните несреќи се намалени.

30.07.2021 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега