Спасовски: Покажавме дека градиме и дека ги надминавме поделбите

 Покажавме дека знаеме да градиме, дека знаеме да ги надминеме сите поделби во државава. Кога зборуваме дека знаеме да градиме тоа се пријателства, мостови и инфраструктура и сето тоа даваше резултати, порача вечерва носител на листата од ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“ Оливер Спасовски на трибина на која се одржува на ФОН на која присуствуваат кандидатите за пратеници Сања Лукаревска, Мухамед Зекири и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-Ако сега излеземе од овде од оваа зграда, ќе го видиме повторно како воскреснува „Космос“, истиот оној објект кој што го рушеа во времето на режимот, објектот кој што беше жртва на Груевски и Јанакиевски. Објектот денеска се гради. Додека тие правеа да срушат се во државава ние правиме да се гради, нагласи Спасовски.

Актуелниот премиер и носител на листата од Коалицијата „Можеме“ во втората ИЕ потсети на работењето на Владата во иминатите три години за кои рече дека работеле напорно на два фронта. Прво на меѓународен план да се врати местото на државата таму каде што припаѓа, и во НАТО и во ЕУ и вториот е работењето на еконмоски план за државата да исчекори напред.

-Покажуваме уште еднаш дека успеавме да го срушиме режимот, да ја донесеме државата на прав пат и мислам дека дека токму вечерва од тука, од местото каде што ја одржуваме оваа трибина можеме и да ја пратиме најсилната порака дека режим не смее да има никогаш повеќе, Македонија не смее да се враќа назад во ниту еден момент на помислата заради тоа што од сегашниот прав пат враќањето назад ќе значи мрачни времиња и режим кој што само една работа знаеше да прави во целиот овој период а тоа е да краде и да ја пљачка државата.., рече Спасовски.

Кандидатот за пратеник Зекири пред присутните рече дека една од разликите од владеењето на СДСМ, со претходниот, како што го нарече, „режим“ е тоа што немаше етнички тензии, кои претходно, според него, режимот на тој основ се одржуваше на власт. Зекири се обрати кон гласачите Албанци за кои рече дека слушнал дека ДУИ се заканувал на административците, им порача дека доколку гласаат по нивното убедување нема да им фали влакно на главата.

Носителката на листата во ИЕ 2, Сања Лукаревска рече дека еден од основните столбови на кои што се базира нивната програма за овие парламентарни избори е ред, правда и дисциплина.

– Ќе ги укинеме патните трошоци за пратениците, ќе воведеме принцип на безбедни градови, ќе го прочистиме загаденото правосудство од корумпирани и судии и јавни обвинители, функционерите ќе имаат повеќе одговорност меѓутоа ќе имаат многу помалку привилегии, перцепцијата за администрацијата ќе смениме во оној хиерархиски дел, нема веќе вечни раководители, нема да дозволиме да има раководители до пензија на малдите треба да им дадеме шанса младите да одат напред, принципот по кој што сме се воделе се водиме и ќе се водиме е владеење на правото односно дека законите важат еднакво за сите, рече Лукаревска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа