Спасовски откри дали Мијалков има двојно државјанство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека МВР не знае дали побегнатиот поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, имал двојно државјанство, но според нивните анализи и проценки тие веруваат дека тој сè уште е на територијата на Македонија. Министерот на денешната прес-конференција додаде дека Мијалков е на стоп-листа од 2017 година со забрана за излегување од државата.

„Ние на граничните премини имаме континуитет во следењето преку интегрираното гранично управување, ги следиме во реално време сите камери на сите гранични премини што ги имаме“,рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега