Спасовски од Арачиново: Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски се обрати на вечерашната трибина во Арачиново, заедно со кандидатот за пратеник од СДСМ, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами.

-Ви оддавам признание бидејки одовде почна рушењето на режимот и одовде беше испратена пораката за единство, сплотеност и сите заедно да направиме подобро за нас и нашите деца. Ние од ИЕ 2 сме Македонија во мало и затоа ја имаме најглема одговорност во однос на изборите. Победата во Арачиново е победа и во ИЕ 2 и победа на Македонија со што ќе пратиме силна порака за единство, рече Спасовски.  

Тој зборуваше за сработеното во изминатите три години и за новата програма што се темели на клучната цел за нова развојна економија и натамошна грижа за сите.

-Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, имаме најповолни услови за инвестирање во регионот и добри работници кои ќе работат за добри плати. Оваа изборна програма којашто ќе биде и владина програма ќе се потпира на проекти од економијата и на инфраструктура, бидеки немаме веќе отворени прашања, дражвата ја запишавме во картата на држави во светот. Ќе имаме нова развојна економија, обезбедуваме нови работни места. Обезбедуваме и над 600 милиони евра пари за поддршка на домашни и странски инвестиции, од коишто 300 милиони предвидуваме да бидат од буџетот, а 300 милиони од европските фондови, најави Спасовски.

Tој потсети на сработеното во изминатите три години, овозможената слобода и демократија, консолидација на институциите, враќање на долговите направени од режимскиот систем, за враќањето на парите кон граѓаните преку евтината тарифа на струјата, укинатата радиодифузна такса, зголемувањето на минималната и просечната плата на 14.500 и 27.500 денари, за најголемото зголемување на пензиите во последните 12 години од 720 денари, за воведената државна социјална пензија, за поддршката на младите преку низа проекти, меѓу коишто и младинската гаранција, за донесените храбрите одлуки од коишто придобивка се членството во НАТО и ЕУ интеграциите.

-Со тоа ги отворивме и можностите за европски фондови од 2 и пол милијарди евра за нашата држава и за нови инвестиции. Со сето ова се создадени можности за нови покачувања на платите и пензиите, за утврдување минимална пензија од 10.700 денари и за нова финансиска поддршка на младите, рече Спасовски.

Зборуваше и за создадените основи за правна држава преку донесениот закон за јавно обвинителство и за создавањето Еко-држава.

-Да го исчистиме еколошкиот отпад, но и политичкиот, да расчистиме со остатоците од груевизмот засекогаш, рече Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски посочи и дека се направени многу километри експресни  и регионални патишта и автопатиштата за коишто во времето на ВМРО-ДПМНЕ се барале провизии, а посочи и на сработеното во Арачиново и во ИЕ 2: канализација во должина од 10 километри што е 55 проценти завршена и до крајот на годината нема да има семејство кое нема да биде прикличено на неа, новата општинска зграда, модерни услови за учење во училиштата во Арачиново и Грушино. Рече дека се прави патека за шетање од 1.100 метри, што ќе биде еден од најубавите делови на Арачиново, првата детска градинка што е предвидено да биде меѓу најубавите во државава, а дека ќе се изгради и мултуфунционално игралиште каде децата ќе спортуваат.

-Оваа коалиција Можеме нуду сигурност, јасна визија и перспективи, мир и спокој и развојна економија. На другата страна е Груевски обновен во Мицкоски, режим, лаги и манипулации и желба да се оствари долгогодишната партнерска врска за владеење, рече Спасовски. 

-Нема веќе национализам што вирее на овие простори. Да ги оставиме да се само обноват во опозиција, повика Спасовски.

 

Тој порача водење безбедна кампања и излезност на изборите за да се формираат институции со полн капацитет што ќе може да справат со сите здравствени и економски потреби на граѓаните.

-Ни требаат институции коишто ќе можат во полн капацитет да носат законски решенија, да менуаат законски решенија Ќе има последици од кризата и ќе мора да се справиме со институции со полн капацитет, рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовси, вечерва во Арачиново.

На граѓанската трибина се обратија и кандидатот за пратеник, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами.

-Арачиново се менува на подобро за разлика од пред 7 години кога зборувавме за основни потреби во општината. Сега зборуваме за градење градинки, за култура, за вложувања во спортот. Докажавме дека наш интерес како коалиција Можеме е грижа за граѓаните, повисоки плати, подобри работни места, ДУИ не може да `не спречи во тоа, рече Бајрами во Арачиново.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега