Спасовски: Очекувам дебата во СДСМ за Фросина Ременски

Со случајот на Фросина Ременски се покажува дека истрагите се неселективни и дека СДСМ како власт се решени да се борат со корупцијата и криминал дури и со луѓето во нивните редови, вака денеска во интервју за Радио Слободна Европа се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за  кој било член на владата, директор, пратеник  и така натаму. Сега, полека, но сигурно се гради тој систем во инстиуциите, па почнуваме да разговараме не само за одговорност на поранешните функционери, туку и за одговорност на оние коишто денеска се дел од институциите. Партијата ќе разговара во однос на прашањето и во однос на Фросина Ременски. Јас сакам да се почитува пресумпцијатата на невиност, меѓутоа ние мораме на основа на тоа да носиме и соодветни одлуки во рамките на партијата. Така да очекувам дека таа дебата ќе се отвори во партијата, вели високиот функционер на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега