Спасовски: Ниедна партија не може да го присвои Гоце Делчев, граѓаните нека бидат сигурни за одбележувањето

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски порача дека ниедна политичка партија не може да го присвои ликот на Гоце Делчев. Тој смирува дека граѓаните можат да бидат сигурни за утрешниот ден на одбележување.

„Ниедна политичка партија не може да присвои лик – Гоце Делчев е великан на македонскиот народ!

Граѓаните можат да бидат сигурни – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.

Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со посебна почит умееме да чествуваме денови кои се посебно важни за нашата историја“ вели Спасовски.

 

02.02.2023 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега