Спасовски: Нема верски лидер, функционер или институција што се посилни од државата

Нема верски лидер, функционер или институција што се посилни од државата, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски како одговор на прашање „дали Владата се соочува со притисок пред денешната седница најавена за попладне на која треба да падне одлука за времетраењето на полицискиот час за претстојниот викенд во кој се одбележуваат два празника – Рамазан Бајрам и Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

„Државата е таа што носи одлуки и која управува со системот во вакви ситуации. Ако некој мисли дека ќе врши притисок, да знае дека со притисокот нема да издејствува ништо. Ако носевме одлуки под притисок, верувајте ќе имавме по две седници на ден, една претпладне и ќе носевме одлуки и една попладне за да носиме одлуки за оние на кои не им се допаѓаат мерките“, кажа Спасовски.

Комисијата за заразни болести предложи мерката „полициски час“ за претстојниот продолќен викенд да почне во сабота попладне во 19 часот и да трае до вторниик наутро во 5 часот. Дел од медиумите објавија неофицијални информации оти се размислува и за „полициски час“ од недела попладне во 14 часот до вторник наутро во 5 часот. Конечната одлука се очекува на денешната седница на Владата што е закажана за 17 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега