Спасовски: Нема штетен отпад увезен во државата, случајот во Бугарија го следиме одблизу

Нема штетен отпад што се увезува во државата. Ова што се случува во Бугарија одблизу го следиме. Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за живтоната средина, изјави денеска рече денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покрена постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.

-Од Министерството за животна средина и просторно планирање имаме информација дека увезувањето на отпадот е оној што е дозволен и за кој се поседуваат одредени сертификати, дека нема штетен отпад што се увезува во државата. Добро е што Град Скопје презема чекори за средување на состојбите. Институциите тоа мора да го следат. Мора да ги јакнеме капацитетите во смисла на лаборатории како можност за испитување на сé она што влегува во државата и сите заеднички да направиме сé за да ја подобриме животната средина, истакна премиерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега