Спасовски: Нема нова одлука, границите со Косово и со Србија остануваат отворени

Техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави денеска дека Владата нема да разговара за затворање на северните граници што ја поврзуваат земјата со Косово и со Србија.

Спасовски денеска објави дека последната одлука на извршната власт да ги задржи границите отворени, без услови за влез и излез, останува на сила. Тој исто така рече дека Владата нема да донесе политичка одлука за затворање на границите.

 

„Тоа не е политичко прашање“, рече тој. Владата не може да донесе политичка одлука за ова. Сакаме како и до сега да донесеме одлуки врз основа на научни проценки, врз проценките на епидемиолозите. Ако сметаат дека треба да има посебна мерка, тогаш ќе разговараме за тоа во Владата“, рече техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа