Спасовски: Не сме оставени сами на себе - четири хеликоптери од Србија ќе помагаат за гасење на пожарите

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се заблагодари на Србија за четирите хеликоптери кои помагаат за гасење на пожарите во државава.

– За мене е многу важно што и ние како држава не сме оставени сами на себе, тука се нашите пријатели од Република Србија и сакам да изразам благодарност во мое лично име и во име на МВР и Владата, до мојот драг колега г-динот Вулин, Владата на Србија и претседателот Вучиќ заради тоа што веднаш се согласија и пристапија со помош – четири хеликоптери кои ќе помагаат за гасење на пожарите низ нашата Република Северна Македонија, напиша Спасовски на Фејсбук.

На територијата на државава од вчера се на располагање четири хеликоптери на МВР на Србија, од кои три се противпожарни, а четвртиот е за извидување и наведување.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, кој заедно со министерот Спасовски вчера попладне беше во Старо Нагоричане, каде што пожарот е локализиран, изјави дека доколку ситуацијата се влоши, спремни се да интервенираат и со луѓе и техника каде што ќе биде потребно.

04.08.2021 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега