Спасовски: Напад врз полицаец е напад врз државата

Министерот за внатрешни работи,  Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот од Битола, истакна дека најпрвин треба да се разгледаат сите аргументи и факти, па потоа да се носи суд. Тој додаде дека постапката е во фаза на истрага, додавајќи дека не оправдува насилство.

– Не смее да се поддржи ниту едно насилство причинето од припадник на полицијата. Воедно не смее да се генерализира, треба да се издвојат оние припадници што ги пречекоруваат должностите и тие да сносат одговорност. Напад врз полицаец е напад врз државата, треба сите заедно да се штитиме меѓусебно. Да ги штитиме граѓаните и да ја штитиме макеоднската полиција, затоа што секогаш кога е тешко бараме помош од македонската полиција. Случајот од Битола е во рамки на истрага и врз основа на доказите ќе ги носиме одлуките. За случајот пак за нападот врз петтемина полицајци, веќе се уапсени десет лица кои имаат мерка притвор, Го поздравувам ОЈО за промптноста во делувањето, тоа е порака до криминалците што сакаат да го рушат системот на државата, изјави министерот Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега